Намалување и укинување царини на повеќе производи

Од:

Царинските стапки за репроматеријали за резервни автомобилски делови, полиетиленски фолии, алатни машини, железнички товарни вагони и автобуси,  како директна поддршка на пет стопански гранки, од денеска се укинуваат или се намалуваат.

Укинувањето на царинските стапки за тие стоки е во функција на подобрување на условите за стопанисување на домашните производители, развој на индустријата и поголем извоз на странските пазари.

Со оглед на тоа дека во Македонија работат индустриски капацитети кои произведуваат автомобилски делови, како поддоговарачи на големите автомобилски компании и кои се извозно ориентирани, се укинува стапката од 15 проценти за облоги и плочки за кочници, фрикциски производи и други делови од нетемперирано леано железо.

Во металопеработувачката индустрија за над 105 производи, пред се алатни машини,  се намалуваат стапките кои  досега изнесуваа 5 проценти и повеќе. Со тоа директно ќе им се помогне на компаниите што се занимаваат со производство на предмети од метали и на целокупната  металопреработувачка индустрија, но  и за малите бизниси кои во голем дел се занимаваат со  производство на предмети од метали.

Се намалуваат царините  и за транспортниот сектор со цел обнова  на возниот парк и намалување на трошоците на  транспортните компании. Царините за автобусите и минибусите од прва категорија се намалуваат од 10 проценти на 5 проценти, додека царините за автобусите и минибусите од втора категорија се намалуваат од 15 на 5 проценти. Царините за вагоните и цистерните, пак, кои досега изнесуваа 4 проценти, сега се укинуваат.

Се интервенира  и кај царинските стапки за фолии од полиетилен,  што делумно се употребуваат во прехранбената индустрија и во графичката индустрија кај копир апаратите, каде се укинува целосно стапката што досега изнесуваше 6 проценти.

Преку значително намалување и укинување на царинските стапки,  Владата директно ќе им помогне на пет-шест сектори што се значајни за македонската индустрија и  кои во вакви околности кога се соочуваат со предизвиците на европската и светската економска криза  и очекуваат поддршка од Владата.

Фискалните импликации  од намалувањата изнесуваат околу 30 милиони денари на годишно ниво и  тие се антиципирани  во проекциите за буџетот за наредната година, а треба да придонесе за зголемување и подобрување на економската активност во Република Македонија.

Намалувањата на царинските стапки се мерки на Владата донесени во соработка со бизнис заедницата и нејзините потреби.

Владата на Република Македонија секоја година ја усогласува царинската тарифа за наредната година согласно обврските кон Светската трговска организација и Европската унија. Усогласувањето на царинската тарифа, согласно обврските од Протоколот за пристапување на Република Македонија кон Светската трговска организација во транзицискиот период од 2003 до 2012 година е завршено. Со Царинската тарифа за 2012 година сите царински стапки се усогласени со конечните обврзувачки стапки од Протоколот. Измените на Законот за царинска тарифа, што ги овозможуваат намалувањата на царините, се одлука на Владата по иницијатива на бизнис заедницата.

Би можело да ве интересира

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Царината заплени возило кое пренесувало дрога

Богоев: Преку ефективни реформски политики до поголеми инвестиции и производство со поголема додадена вредност

Горан Наумовски

Мобилен тим на Царинската управа спречи шверц на 3.590 таблети „трамадол“

Горан Наумовски

Спречен шверц на месо опасно за здравјето – Камион на грчка фирма носел четири тони месо од дивеч во Македонија

Царинска управа: Запленети се 185.000 норвешки круни на Аеродром „Скопје“