Намалување и бавниот раст на работоспособното население предизвик за земјите од регионот

Од:

На пазарот на труд во земјава се забележува континуиран раст на работоспособното население и раст на вработеноста, но според проценките на меѓународните институции, на среден рок се очекува забавување на тој раст, што наметнува потреба од особена внимателност и од таргетирано делување на пазарот на труд и кај нас, преку натамошно спроведување активни политики и мерки насочени кон пазарот на труд, подобрување на квалификуваноста на работната сила, но и поопшто, спроведување структурни реформи и јакнење на институциите, со што ќе се забрза процесот на конвергенција кон повисоки нивоа на доход.

Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на тркалезна маса што се одржа во хрватскиот град Дубровник.

Настанот е организиран во рамки на втората заедничка конференција на Хрватската народна банка и ММФ, насловена „Демографијата, вработувањето и растот: Управување со иднината во Централна, Источна и Југоисточна Европа“, на која учествуваа гувернери на централни банки и министри за финансии од регионот, претставници на Светската банка, Европската комисија, Банката за меѓународни порамнувања и на други меѓународни институции, како и експерти од универзитетите во Оксфорд, Лондон и Тарту.

На тркалезната маса учесниците заклучија дека намалувањето или бавниот раст на работоспособното население во услови на неповолни демографски движења и емиграција претставува предизвик за сите земји во регионот на ЦИЈЕ. Тоа упатува на потребата од преземање повеќе мерки за зголемување на стапката на активното население, особено на жените, продолжување на животниот век на населението, зголемување на квалификуваноста на работната сила, како и поттикнување иновации и автоматизација.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво

Девизните резрви на крајот на јануари 4,33 милијарди евра