Намалена побарувачката за патнички возила во ЕУ

Од:

Последниот извештај на Здружението на европските производители на автомобили констатира дека побарувачката и регистрацијата на нови патнички возила бележи пад од 3,1 отсто во првата половина од 2019 година, во споредба со истиот период лани.

Иако е забележан мал раст од 0,1 отсто во мај, продажбата на автомобили повторно значајно се намалила следниот месец за 7,8 отсто.

Разлики постојат меѓу западна и централна Европа, се вели во извештајот. Додека западноевропските потрошувачи бележат пад од 3,5 отсто, во централна Европа регистрацијата на нови патнички возила се зголемила за 1,4 отсто. Германија бележи раст од 0,5 отсто. Најголема загуба е констатирана на шпанскиот пазар.

Проекциите на индустријата не се оптимистички за втората половина од оваа година, со оглед на економската неизвесност предизвикана од трговските тензии во светот и сѐ поголеми изгледи за Брегзит без договор, смета здружението.

– За целата 2019, ги ревидиравме нашите прогнози со пад од еден отсто на регистрации на патнички возила, додека севкупната продажба на возила во ЕУ се очекува да биде нешто над 15 милиони единици оваа година, истакнува здружението на производителите на автомобили.

Последната студија посочува и дека сѐ помалку се купуваат автомобили што возат на дизел, со пад од 17,2 отсто во споредба со претходната година. Единствен исклучок е Германија каде побарувачката за дизел бележи мал раст.

Производството на патнички возила во ЕУ е исто така влошено во првата половина од оваа година, само Франција бележи зголемена стапка на производство од 1,2 отсто.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов