Најдобрите на Европскиот квиз на парите на средби во МБА и НБ – финансиската едукација и натаму да биде еден од приоритетите

Од:

Македонската банкарска асоцијација (МБА) и Народната банка одржаа средби со вицешампионот на Европскиот квиз на парите Христијан Андовски и со двајца од учениците кои остварија најдобри резултати на националниот натпревар – Едон Хамбари и Антонио Јорданоски и нивните ментори Мерита Таири и Илчо Јорданоски, а учествуваше и Александра Бошковска-Спасовска – менторка на Андреј Шумански, којшто го освои второто место на националниот натпревар, но не беше во можност да присуствува на настанот. На средбата беа доделени наградите за остварениот успех, информираат од МБА.

Во соопштението наведуваат дека активностите во сферата на финансиската едукација се и мора и натаму да бидат еден од приоритетите. Тоа се потврдува и во текот на ковид-кризата, којашто и покрај нејзиниот карактер не ги запре активностите за поттикнување повисока финансиска писменост. Конкретна потврда, како што стои, е годинешното издание на Европскиот квиз на парите, што поради пандемијата се одржа преку онлајн-платформи. На националниот натпревар учествуваа близу 500 ученици, а на големото европско финале најбројни беа учесниците од нашата земја, што уште еднаш потврдува дека вложувањата во финансиската едукација во изминатиот период даваат резултати, особено кај помладата популација.

Претседателката на МБА, Маја Стевкова-Штериева, нагласи дека МБА, сите нејзините членки и нејзините соработници секогаш ќе даваат максимална поддршка и поттик на младите луѓе кои покажуваат интерес за продлабочување на своите знаења од областа на финансиите и економијата.

– Големо е задоволството кога успешно ќе се реализира еден ваков голем проект. МБА вложува во едукацијата на младите, зошто тие се нашата иднина и сите ние со збогатување на нивните знаења и образование треба да придонесеме до останат тука. Колку повеќе младите се едуцирани за финансиите, толку повеќе бизнисите или финансиските одлуки кои во иднина ќе ги започнат или донесат ќе бидат успешни. Повторувањето на успехот на европско ниво уште еднаш потврдува дека интензивното вложување во финансиската едукација на младите од земјата, веќе дава видливи резултати, како преку интересот на младите за стекнување знаења во областа на финансиите, така и преку подигнување на нивото на нивната финансиска писменост, истакна Стевкова-Штериева.

На средбата во Народната банка, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска рече дека централната банка останува посветена на остварувањето на својата стратегиска определба и мисија да биде поддржувач и поттикнувач на младите луѓе кои преку едукација и истражување сакаат да ги продлабочуваат своите знаења од областа на економијата и финансиите.

– Драго ми е што со активностите во сферата на финансиската едукација коишто Народната банка ги иницираше пред неколку години, успеавме да поттикнеме сестрани вложувања во оваа сфера, зашто вложувањето во финансиската писменост значи и вложување во стабилноста и развојот на финансискиот систем и економијата во целина. Фактот што веќе две години по ред, нашата земја учествува на најголемото европско натпреварување во сферата на финансиската едукација за млади и притоа две години по ред, наш претставник е европски вицешампион, нѐ обврзува натамошните вложувања и напори за поттикнување на интересот за финансиската едукација и финансиската инклузија да бидат и поголеми. Но, во исто време и да продолжиме да ги поддржуваме овие млади луѓе коишто во времето што е пред нас би требало да бидат едни од двигателите на финансиските текови во нашата економија, – порача Ангеловска-Бежоска.

Таа изрази задоволство што и преку вложувањата во финансиската едукација, банките ја потврдуваат својата улога на општествено одговорни носители на економскиот развој.

Учеството на нашата земја на Европскиот квиз на парите е во организација на Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, со поддршка од Министерството за образование и наука и Министерството за финансии.

Би можело да ве интересира

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

Орце Костов

Надминат е проблемот со картичките VISA и Mastercard, повторно можат да се користат банкоматите

Катерина Ѓуровски

Банкарска асоцијација: VISA и MasterCard се недостапни – Дефектот не е од македонска страна

Голем дефект – не работат картичките од сите банки во цела Македонија, но и во странство, вадење пари само на шалтер

Анита Петровска Рајковиќ

Средба со Мисијата на ММФ: Народната банка со преземените мерки успешно ја одржува стабилноста

Ана Ололовска