Нафтата на берзите е најскапа во последните седум недели

Од:

Цените на нафтата на меѓународните пазари се највисоки во последните седум недели, а тоа се должи на влијанието на напорите на ЕУ да воведе забрана за увоз на енергенси од Русија и очекувањата за поголема побарувачка по олеснувањето на кинеските мерки за спречување на коронавирусот.

Цената на барелот на лондонскиот пазар во пладневната трговија се зголеми во однос на претходното затворање за 1,26 долари, на 115,50 долари. На американскиот пазар се зголеми за 1,17 долари, на 115,37 долари.

Министрите за надворешни работи на ЕУ вчера не успеаја да ја убедат Унгарија да го укине ветото на предложеното ембарго за увоз на нафта од Русија. Но, некои дипломати веруваат дека постепена забрана за увоз на руска нафта може да биде договорена на самитот на 30-31 мај.

Цените се зголемени и од надежите за закрепнување на побарувачката поради олеснување на мерките за заклучување во Кина, но и растечките геополитички тензии меѓу ЕУ и Русија поради најавеното зачленување на Шведска и Финска во НАТО.

Зголемувањето на цените го донесоа и бројките што покажуваат дека членките на ОПЕК и партнерските производители, вклучително и Русија, во април произвеле многу помал износ од договореното за постепено ублажување на рекордните намалувања на производството за време на пандемијата во 2020 година.

Тука е можен и дополнителен пад на залихите на гориво во САД. Неделните извештаи за залихи се очекува да покажат зголемување на залихите на сурова нафта и пад на залихите на деривати и бензин.

ОПЕК вчера соопшти дека цената на барел нафта на нејзините членки вреди 113,07 долари и е зголемена за 70 центи во однос на претходниот работен ден.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Паднаа цените на нафтата

Доларот зајакнува петта недела по ред

Поскапува Еуросупер БС-98, цените на другите горива не се менуваат

Горан Наумовски

Светски берзи: Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

Катерина Ѓуровски

Светски берзи: Зајакнат доларот, цената на нафтата порасна