Над 7 милиони евра отпишани долгови досега

Од:

Вкупно 427 милиони денари или над седум милиони евра е износот на досега еднократно отпишаните долгови. Реализирани се 4.670 барања од кои преку 90 проценти на лица приматели на социјална помош.

Како што изјави денеска на прес-конференција вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, најголем дел од долговите се сметки за струја, радиодифузија, греење и долгови кон банки.

– Досегашната реализација на проектот се одвива задоволително, постигнат е добар прогрес, сите барања што се стигнати до Комисијата се обработени со исклучок на 2.700 кои беа некомплетни и за кои е побарано од апликантите да ги докомплетираат, истакна Ставрески.

Проектот, додаде, е многу сложен, има обемна документација што треба да се провери, особено бидејќи некои предмети на должниците не се совпаѓаат со оние на доверителите и затоа најверојатно ќе трае неколку месеци.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов напомена дека Владата вложува максимален напор за да им помогне на најзагрозените граѓани. Досега за отпис на долгови се поднесени вкупно 41.765 барања, а за нивно решавање се формирани три комисии и посебна техничка служба.

Најголем број на донесени одлуки, 895, и износ на отпишан долг, 155,7 милиони денари, се од Скопје.

Би можело да ве интересира

Жителите на Слупчане се уште го блокираат влезот: Ќе го платиме долгот кон ЕВН, но не и каматите

Орце Костов

ВИДЕО: Се спрема отповикување на градоначалниците недомаќини, општините пак во долгови од над 75,7 милиони евра

Маја Илиевска-Пачемска

Да се интензивираат активностите за отпис на каматите и за репрограмирање на долговите за физички лица

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев: Предлагаме закон за отпишување на сите камати на граѓаните-должници, за сите предмети дадени за извршување до крајот на 2017 година

Ќе се допрецизира Предлог законот за отпис на камати за наплата на долгови

Ана Ололовска

„Солидарност“: Владата најави отпишување на долговите за 100.000 лица, ама им отпиша на 4.700

Ана Ололовска