Над 13500 барања поднесени за поддршка за исплата на плата во октомври, исплатени на скоро 12000

Од:

Над 13500 барања се одобрени за финансиска поддршка за исплата на плати на вработените за месец октомври 2020 година, а веќе е исплатена на скоро 12000.

Управата за јавни приходи информира дека досега се одобени вкупно 13 696 барања за финансиска поддршка за исплата на плати за вработени за месец октомври 2020 година, а на 11 954 работодавачи е исплатената финансиската поддршка.

– Вкупната исплата досега изнесува 907.292.339 денари, а опфатени се 58 302 вработени. Во тек е процесирањето на исправките на обрасците БФП-ИП/2 и образецот за Месечна пресметка за интегрирана наплата (МПИН), по чија обработка Управата за јавни приходи дополнително ќе информира со соопштение, наведуваат од Управата за јавни приходи.

Оваа мерка е дел од четвртиот пакет економски мерки, и се однесува за поддршка на работодавачите за исплата на плата на вработените во последните три месеци од оваа година, односно за октомври, ноември и декември.

Мерката беше дел и од претходните пакети антикризни мерки, кога поддршката изнесуваше 14.500 денари, а поддршката сега е скалеста зависно од тоа колку се намалени приходите на фирмата и изнесува од 14.500 денари до до 21.776 денари по вработен.

Би можело да ве интересира

Џафери: Владата има обврска да спроведува закони, затоа ги усогласивме коефициентите за плата

Орце Костов

Синдикалната минимална кошница за март 58 998 денари, само за еден месец се зголеми за 1522 денари

Орце Костов

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Ковачевски: Успеавме просечната плата да ја издигнеме на 40.000 денари

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД