Над 200.000 вработени во „Гугл“ ќе работат од дома до следното лето

Од:

Технолошкиот гигант „Гугл“ одлучи поголемиот дел од неговите 200.000 вработени да работат од дома до јули следната година.

Извршниот директор Сундар Пичаи лично ја донесе одлуката минатата недела по состанокот на највисоките директори на овој интернет-гигант.

„Гугл“ претходно планираше работниците да останат да работат од дома до крајот на 2020 година.

Новата одлука се однесува на сите вработени во „Гугл“, како вработените со полно работно време, така и хонорарните работници, вкупно повеќе од 200 000 луѓе.

Според „Вол стрит журнал, првиот човек на компанијата сака посебно да им помогне на работниците кои мораат да се грижат за децата, затоа што функционирањето на училиштата ширум светот е неизвесно за почетокот на учебната година на есен.

Една германска студија неодамна покажа дека работењето од дома за време на корона кризата работниците го доживуваат како позитивна промена.

„Вработените кои за време на корона кризата се префрлија на работа од дома помалку се под стрес и се попродуктивни“, се вели во студијата спроведена од Институтот Форса и ИГЕС за здравствената осигурителна компанија ДАК.

Пред појавата на пандемијата, 21 отсто од анкетираните изјавиле дека биле под стрес, додека само 15 отсто го кажале истото за време на корона кризата.

Меѓу оние кои, пак, кои редовно работат од дома, 56 проценти рекле дека се чувствуваат попродуктивно дома отколку на работа.

Други позитивни ефекти од работењето од дома е подобро приспособување на работата и семејството (две третини од испитаниците), а исто толку сметаат дека особено позитивен ефект од работењето од дома кажува тоа што не мора да патуваат до работното место.

Од анкетираните 76,9 отсто се изјасниле дека ваков начин на работа сакаат да имаат и во иднина.

Би можело да ве интересира

Американското Министерство за правда го тужи Гугл поради монопол

Горан Наумовски

Австралиска Влада: Успешен e законот кој ги обврзува Мета и Гугл да им плаќаат на медиумите

А1он

Русите истражуваат како да си ги скршат рацете за да избегнат мобилизација

А1он

Гугл ја загуби жалбата против ЕУ, мора да плати казна од 4 милијарди евра

А1он

Гугл му даде отказ на инженерот кој тврдел дека една од програмите има свест

Горан Наумовски

Гугл повторно казнет во Русија