На Вол Стрит најлошо прво полугодие од 1970 година

Од:

НА Вол Срит цените на акциите паднаа, па берзанските индекси завршија во црвено и на месечно и на квартално ниво, додека во целата прва половина од годината забележаа најголем пад во повеќе од 50 години.

Dow Jones вчера загуби 253 поени или 0,82 отсто, на 30.775 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,88 отсто, на 3.785 поени, а индексот Nasdaq загуби 1,33 отсто, на 11.028 поени.

Сите три индекси забележаа пад во целиот втор квартал, а два квартали последователен пад на S&P 500 и Dow индексот не се паметат од 2015 година.

Во целата прва половина од годината Dow Jones потона за повеќе од 15 отсто, S&P 500 за повеќе од 20 отсто, а Nasdaq индексот за речиси 30 отсто.

Ова е најлошата прва половина од годината за индексот S&P 500 од 1970 година, за Dow Jones од 1962 година, а за Nasdaq најлоша од неговото постоење.

Во првите денови од оваа година, индексите достигнаа рекордни нивоа, исто како и минатата година, благодарение на закрепнувањето на економијата од корона кризата, но набрзо правецот на пазарот стана обратен поради ширењето на омикронската варијанта на Ковид- 19.

Потоа дојде руската инвазија на Украина, која го наруши пазарот на енергија, суровини и храна и со тоа дополнително го поттикна растот на и онака високата инфлација.

Би можело да ве интересира

Волстрит драстично порасна

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Волстрит во минус, пад на акциите на Apple и на Tesla

Катерина Ѓуровски

Волстрит падна од рекордно ниво

Волстрит падна поради зголемената инфлација во САД