На Скопскиот саем почнува Винскиот фестивал

Од:

Од денеска до сабота на Скопскиот саем ќе се одржува „Винскиот фестивал 2012“. Посетителите четири дена ќе имаат можност да дегустираат различни видови вино од македонските визби, но и да пробаат млечни и месни производи од најдобрите во земјава.

Програмата предвидува попладневни ди-џеј забави од 17 до 21 часот секој ден кои потоа продолжуваат до 1 часот по полноќ со настапи на повеќе познати имиња од домашната сцена, Силви бенд, Сешн селекшн, Жаклина Стефковска, Стринг форсис, Аренси бенд, Нокаут, Скопски чалгии и Кумановски тамбураши со Нино Величковски.

На Винскиот фестивал, што сите четири дена ќе се одржи во Метрополис арената, се регистрирани 30 учесници, винарски визби и производители на млечни и месни производи. Нивниот асортиман ќе биде достапен за купување на самото место. Цената на билетот за фестивалот е 100 денари, а посетителите со секоја купена влезница добиваат и гратис чаша за вино.

Винскиот фестивал е манифестација што првпат беше организирана минатата година како иновативен концепт кој на сите посетители и љубители на виното треба да им овозможи богато винско искуство со богата музичка програма.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

За првпат ќе се утврдува производствена цена за килограм винско грозје, предлог-законот за вино помина во прво читање на Комисијата за европски прашања

МЗШВ: Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година

Ковачевски од Кавадарци: Македонското вино го издигнавме на 13 место во светот, расте и девизниот прилив

Производството на вино во Европа достигна 16,1 милијарди литри

Предраг Петровиќ

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор