На ИПАРД повикот во јуни се очекуваат најмалку 1.000 апликации

Од:

По околу 1.000 апликации за ИПАРД средствата на секој следен јавен повик се очекува да „повлечат“ најновите измени во Програмата што изминатиов период земјдоделците имаа можност да ги слушнат директно од надлежните.

Купување најсовремена механизација, изградба, не само за реновирање пластеници и оранжерии, обнова на млекарници, фарми, преработувачки капацитети во месната индустрија, како и изградба, не само за реновирање објекти за рурален туризам, се само дел од можностите што ги нудат измените.

Намалена е границата за аплицирање што овозможува ИПАРД барања да поднесуваат и поситните земјоделци, но зголемена е и сумата за поголемите проекти. Ќе може конкурираат и малите и средните претпријатија поради што се предвидува значително поинтензивна апсорпција на европските пари.

– Можностите се сега многу поголеми. За оние кои сакаат да изградат нови оранжерии границата на дозволени трошоци е подигната на повеќе од 2 милиона евра. Ќе може да се користат и средства за изградба на нови објекти во руралните средини со капацитет до 30 соби и 70 легла во насока на развој на туризмот и нови вработувања за што сметаме дека ќе има голем интерес. Оттука, очекуваме на наредните огласи да се јават поголем број апликанти и искористеноста на средстата да биде многу поголема, истакна Коњановски по средбата со претставниците на Сојузот на стопанските комори, велат од инистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Досега тракторите воопшто не беа дел од ИПАРД програмата. Механизацијата се кофинансираше преку Програмата за рурален развој. Сега, практично, се излегува во пресрет на барањата на земјоделците.

Во секторите „млеко и млечни производи“ и „месо и месни производи“ намалени се минималните граници од 15.000 евра на 10.000 евра, а зголемени се максималните, од 800.000 евра на 3.000.000 евра.

Максималната граница се подигнува до 2.300.000 евра за проектите поврзани со изградба/обновување и модернизација на пластеници (со исклучок на тунелски фолии)  и стакленици или до 1.700.000 евра за проектите поврзани со изградба/реконструкција на објектите за одгледување свињи во тов и  за воспоставување нови живинарски капацитети за одгледување бројлери и модернизација на постоечките.

Во делот лозарство, овоштарство и зеленчук, како прифатливи инвестиции се додаваат опрема за берба и пост-бербени активности, земјоделска механизација и приклучна опрема, промена или пренамена на насади/сорти/производство.

Бзнис заедницата која исто така директно беше запознаена со ИПАРД измените и го поздрави нивното донесување, сугерира Министерството за земјоделство да формира координативно тело од сертифицирани советодавни фирми кои ќе им нудат консултантски услуги на заинтересираните агро-бизнис фирми за изработување програми за користење ИПАРД средства.

На Македонија и остануваат неколку десетици милиони евра од ИПАРД периодот 2012/13 година, како и сумата од изминатиот која се префрла со одредени правила на ЕУ. Можно е дел да бидат загубени, но во тек  е креирањето на ИПАРД 2 каде интерактивно се работи на мерките и начинот на аплицирање.

Имплементацијата на ИПАРД измените ќе стартува со следниот јавен повик што треба да биде објавен во јуни годинава.

Досега, бројот на апликации за користење средства од ИПАРД беше прилично низок, 70 до 90 на јавен повик.

Би можело да ве интересира

Николовски: Со првиот повик од ИПАРД 3 програмата го срушивме рекордот на интерес кај земјоделците

Над 50 милиони евра поддршка преку ИПАРД и „Млад земјоделец“

Предраг Петровиќ

Љупчо Николовски: Објавен првиот повик за ИПАРД 3 програмата

Катерина Ѓуровски

Димковски: ДПМНЕ е криминална партија, проневерила средства и од ИПАРД

Николовски: Објавен нов јавен повик од ИПАРД II, 5 милиони евра инвестициски фонд ставаме на располагање за проекти преку мерката 3

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Николовски: ЕК ја усвои ИПАРД 3 за Македонија

Ана Ололовска