МЗШВ: Започнуваме со авансна исплата од 40% на грантот за млад земјоделец

Од:

Преку програмата за финансиска поддршка на руралниот развој Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство нуди мерки со кои ги поддржува младите земјоделци, и тоа преку мерката 112, помош за млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност, каде се доделува грант во висина од 10.000 евра и мерката 113, поддршка за поттикнување на земјоделското производство, со грант од 20.000 евра.

„Мерките кои МЗШВ ги креира за младите земјоделци даваат ефект и се повеќе млади лица активно да се вклучуваат во земјоделскиот сектор. Изминативе пет години повеќе од 1000 млади лица аплицирале и ги искористиле мерките за поддршка на млад земјоделец.

Големиот интерес кај младите беше мотив како министерство да предложиме законски измени на законот за земјоделство и рурален развој со кој овозможуваме услови за започнување со авансна исплата на финасиската поддршка за млад земјоделец. Па така со оваа измена младите земјоделци ќе можат авасно да добијат 40% од вкупната вредност на грантот за поддршка за млад земјоделец“, соопштува МЗШВ.

„На овој начин, како министерство, директно им помагаме на младите земјоделци побрзо да започнат со земјоделската дејност, но и со реализација на планираните инвестиции, дополнително со оваа нова можност ги мотивираме младите уште поактивно да се вклучат во земјоделскиот сектор.

МЗШВ посветено и одговорно креира мерки за поддршка на секој еден земјоделец. Ги слушаме предлозите на земјоделците и заеднички работиме во развој и унапредување на македонското земјоделство“, се додава во соопштението на МЗШВ.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп

МЗШВ: Земјоделците од Свети Николе со силна поддршка на решението за продолжување на договорите што го понудивме

МЗШВ: Блокадите на Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ оставаат 200 земјоделски стопанства без субвениции