МЗШВ: Исплатени над 1,5 милијарди денари субвенции за обележани грла овци, користен сертифициран материјал и одгледани и заклани гоеници до 11.120 корисници

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сточарите одгледувачи на овци дека Агенцијата за финасиска поддршка на земјоделството и руралниот развој изврши исплата на директните плаќања за обележани грла овци од сите категории.

„Дополнително АФПЗРР изврши исплата и на уште две мерки од програмата за директни плаќања, за пријавени површини со задолжителна употреба сертифициран семенски материјал и за одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети.

Корисници на мерката за обележани грла овци од сите категории се земјоделските стопанства одгледувачи на овци кои поседуваат минимум 30 грла. Висината на директните плаќања изнесува 1.200 денари по грло, додека за земјоделски стопанства со пријавени од 101 до 500 грла, висината на директните плаќања изнесува 1.300 денари по грло. За оваа мерка исплатени се вкупно 682.864.200 денари, кон 2.984 лица“, велат од МЗШВ.

„Кај директните плаќања за сертифициран семенски материјали корисници се земјоделски стопанства кои пријавиле површини со полјоделски култури на кои е употребен сертифициран семенски материјал. За оваа мерка исплатени се вкупно исплатени 229.001.820 денари, кон близу 8.000 лица.

За мерката директни плаќања за одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети исплатени се 136 лица во висина од 150 милиони денари. Кај оваа мерка како корисници се јавуваат одлгедувачи кои одгледале и продале или заклале најмалку пет гоеници во период од мај 2020 година до април 2021 година во преработувачки капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло.

До крајот на оваа година, преку обезбедените 2,7 милијарди денари дополнителни средства во буџетот, комплетно се расчистуваат сите заостанати долгови кон земјоделците, а започнува и авансната исплата на субвенциите.

Претходно во текот на месец август и септември АФПЗРР изврши исплата кон сточарите одгледувачи на говеда, пчели и кози, односно се исплатија 329.512.000 денари субвенции за обележани грла говеда до близу 9.700 корисници, 210 милиони денари финасиска поддршка за презимени пчелни семејства до 5.877 пчелари и 62.201.000 денари кон 1.700 сточари, одгледувачи на кози за обележани грла кози“, се наведува во соопштението на МЗШВ.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп