МЗШВ и оризопроизводителите постигнаа договор

Од:

Откупувачите да ја почитуваат откупната цена, а министерот за земјоделство Арјанит Хоџа од следната недела лично ќе ја следи состојбата со откупот на оризот, било договорено на денешната средба на министерот со оризопроизводителите.

– Договорено е дека откупувачите ќе ја почитуваат откупната цена од 20 ден/кг за сортата „Сан Андреа“ и 17 ден/кг за другите сорти. Скоро сите откупувачи, до МЗШВ имаат доставено ценовник согласно овие цени, со ветување дека нема да одат под договореното. Министерот Хоџа им вети на оризопроизводителите дека од следната недела кога и откупот ќе биде поинтензивен, лично ќе излезе на терен и ќе ја следи состојбата, дали се почитуваат договорените откупни цени, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Оттаму соопштуваат дека како дополнителна помош, од Ковид програмата на Владата, се издвојуваат по три денари за оризопроизводителите, а дополнително, во текот на месецов, ќе биде донесена одлуката дали исплатата на овие три денари ќе биде по килограм или по обработлива површина. Овие средства ќе им бидат исплатени до 25 декември годинава.

На средбата се разговарало и за изнаоѓање на нови пазари како што е турскиот, кој минатата година пројави интерес да откупува наш ориз.

– Сите опции се отворени, МЗШВ веќе работи на многу стратегии. Министерот Хоџа изјави дека дијалог и со откупувачите и со производителите, е единствениот начин на кој секогаш ќе ги носиме најдобрите решенија, се вели во соопштението од МЗШВ.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп

МЗШВ: Земјоделците од Свети Николе со силна поддршка на решението за продолжување на договорите што го понудивме