МЗШВ: Донесени забрани за риболов заради непречен природен мрест на рибите

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно Законот за рибарство и аквакултура во изминатиот период донесе повеќе решенија за забрана за риболов во риболовните води во држвава.

Според МЗШВ, забраната за вршење риболов во риболовните подрачја, риболовните зони, риболовните ревири и рекреативните зони за различните видови риби се носи заради овозможување непречен природен мрест на рибите и зачувување на рибниот фонд.

-Периодот на природниот мрест на рибите е утврден во Риболовните основи за секоја риболовна вода поединечно, а се носи врз основа на одобрените годишни планови за заштита и стопанисување со рибите за 2020 година и поединечните барања за одобрување на период за забрана на риболов доставени од концесионерите на рибите. Прегледот (рокот) на периодот на забрана за риболов за одделни видови риби и риболовни води е објавен на страната на Македонската риболовна федерација и може да го погледнете на следниот линк: www.mrf1952.mk, наведува Министерството.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп