МЗШВ: Да не се манипулира со земјоделците и да не се користат за партиско-политички цели

Од:

„Во врска со прес-конференцијата на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски и земјоделецот Екрем Јаји од скопско Брњарци, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира, дека за овој случај министерството во рамки на своите надлежности има постапено по барањето на земјоделцот“, се вели во демантот на Министерството за земјоделство на изјавата на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски и земјоделецот Екрем Јаји од скопско Брњарци.

„Целокупната документација е доставена до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Од страна на Агенцијата е утврдено дека земјоделецот има пријавено несоодветен број на овошни садници во однос на големината на катастарските парцели. Од овие причини е побарано дополнителен иснпекциски надзор од Државниот инспекторат за земјоделство.

Инспекцискиот надзор на парцелите е направен од страна на инспекторот Марјан Атанасов од Државниот инспекторат за земјоделство, а сега анагажиран во кабинетот на дополнителниот заменик-министер Трипуновски. Меѓудруого, токму од страна на Атанасов, е констатирано дека странката има и узурпирано државно пасиште кое граничи со катстарските парцели за коишто бара исплата на обештетување, а на кое има посадено соодветен број на овошни садници. За ова на странката и е извршена постапка за едукација за сторен прекршок. Записникот од извршениот инспекциски надзор е пратен до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и тоа е една од причините заради коишто сеуште не е извршена исплата на обештетување на странката, а за што се води и судски спор.

МЗШВ апелира да не се манипулира со земјоделците и да не се користат за партиско-политички цели. МЗШВ и лично министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, секогаш стојат на располагање и се отворени за комуникација со земјоделците и за решавање на секој поединече Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на проблем“, се вели во демантот МЗШВ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата