МЖ ќе се обновуваат со заем од 50 милиони евра

Од:

МЖ Транспорт Скопје со 50 милиони евра заем од ЕБОР ќе го обновува возниот парк со цел да обезбеди поефикасен и поекономичен транспорт на стока и патници. Договорите за заемот и за гаранцијата од државата ги потпишаа министерот за финансии, Зоран Ставрески и директорот на МЖ Транспорт а.д. Скопје Оливер Деркоски со шефот на Канцеларијата на ЕБОР во Македонија Елена Урумовска.

Со 50-те милиони евра ќе се купуваат 150 товарни вагони, 4 дизел-моторни троделни патнички гарнитури, 2 електро-моторни троделни патнички гарнитури и реконструкција на 5-6 електро локомотиви. Рокот за отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период од три години и 6 месеци. Каматната стапка е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР, што моментно изнесува 0,44 проценти, зголемен за маргина од еден отсто.

Според министерот Ставрески, со набавката на вагоните значително ќе се зголеми економичноста на МЖ Транспорт бидејќи ќе се намалат трошоците за одржување на возниот парк. Ќе се унапреди конкурентноста на претпријетието поради тоа што ќе се создадат услови за поквалитетни услуги за превоз на стока и патници.

„Новата инвестиција во МЖ Транспорт претставува почеток на мини инвестициски циклус во железничкиот сектор. Почнуваат активности за ремонт на железницата на Коридорот 10 во должина од 54 километри за што се обезбедени 17 милиони евра. Првата фаза за изградба на делницата од Куманово до Бељаковце за која се веќе обезбедени 46 милиони евра од ЕБОР ќе почне во првиот квартал на следната година. За втората делница од Бељаковце до Крива Паланка моментно се инвестираат 2,7 милиони евра за изработка на основни проекти, а за третата до крајот на годинава ќе се обезбедат дополнителни два милиони евра за проектирање. Почнати се и подготовките за проектирање на железничката пруга од Кичево до Охрид и албанската граница“, рече Ставревски.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска