МТСП: Започнува интезивна работа на новиот Закон за работни односи

Од:

Министерството за труд и социјална политика од утре започнува со интезивна работа на новиот Закон за работни односи, со цел креирање на нов системски закон кој ќе одговори на потребите на едно современо општество.

„Во подготовката на новиот Закон за работни односи, ќе учествуваат сите чинители во општеството, претставници на работниците, работодавачите, Меѓународната организација на трудот, експерти од областа на трудот.

Низ отворен дијалог со социјалните партнери, ќе се работи на законско решение кое истовремено ќе обезбеди поголема заштита и унапредување на работничките права, а од кое решение треба да бидат задоволни и работниците и работодавачите.

Новиот Закон за работни односи ќе биде усогласен со меѓународните стандарди и ќе ја потенцира важноста на социјалниот дијалог. За подготовката на законот, особено е клучна поддршката која Министерството за труд и социјална политика ја добива од Меѓународната организација на трудот.

Министерството за труд и социјална политика очекува нацрт верзијата да биде готова пред започнувањето на годишните одмори, а веднаш по нивното завршување да се отвори широка јавна дебата, за што ќе биде информирана јавноста“, велат од МТСП.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Граѓанскиот сектор е наш партнер во унапредувањето на социјалните услуги

Ана Ололовска

МТСП: В понеделник почнува исплатата на мајските пензии, со дополнителни 1000 денари финансиска поддршка

Ана Ололовска

Тренчевска од Берово: Преку унапредување на правата и услугите од системот на социјална заштита обезбедуваме поголема грижа за ранливите категории

Ана Ололовска

Тренчевска -Јан Коп: Холандија останува силен поддржувач на С. Македонија, заштитата на човековите права е наш заеднички приоритет

Ана Ололовска

Тренчевска: Апликацијата Сиборд претставува унапредување на инклузијата на децата со попреченост уште од најраната возраст​

А1он

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Ана Ололовска