МТСП: В понеделник почнува исплатата на мајските пензии, со дополнителни 1000 денари финансиска поддршка

Од:

Министерството за труд и социјална политика известува дека в понеделник, на 30 мај започнува етапната исплата на мајските пензии, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.

Пензија повисока за 1.000 денари ќе добијат повеќе од 330 илјади пензионери со исплатата на мајската пензија преку договорената директна финансиска помош за три месеци.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2022 година (понеделник);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2022 година (вторник);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.06.2022 година (среда); и

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.06.2022 година (четврток).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 30 мај (понеделник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред и во банките со цел заштита на личното и јавното здравје.

Би можело да ве интересира

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки, поддршката е системска, а не предизборна

СДСМ: Колку во Скопје што има бесплатен превоз толку ДПМНЕ и пензиите ќе ги качи

Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите линеарно од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија