Објавен распоредот за исплата на пензиите, апел да се почитува редот

Од:

Министерството за труд и социјална политика апелира до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплата на пензиите на шалтерите на банките. Само со одговорно однесување на секој пензионер може да го заштитиме личното и јавното здравје. Почитувањето на препораките за носење лична заштитна опрема на лицето и држење растојание од најмалку два метра додека чекате во ред пред или внатре во банките, е во интерес на сите нас.

Министерството за труд и социјална политика потсетува дека почнувајќи од понеделник ќе се врши етапна исплата на пензиите на шалтерите на банките, според висината на пензијата и тоа:

– за пензии до 11.000 денари, исплата во понеделник 27-ми април;
– за пензии од 11.001-14.000 денари, исплата во вторник 28-ми април;
– за пензии од 14.001-18.000 денари, исплата во среда 29-ти април и
– за пензии повисоки од 18.001 денар, исплата во четврток, 30-ти април.

Етапната исплата на пензиите е направена со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, веќе можат да ги користат парите за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, пензиите можат да ги подигнат на банкоматите на банките.

Би можело да ве интересира

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

Орце Костов

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки, поддршката е системска, а не предизборна

СДСМ: Колку во Скопје што има бесплатен превоз толку ДПМНЕ и пензиите ќе ги качи