Можности за зголемување на билатералната трговија и инвестициите од Катар

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари средба со новиот катарски амбасадор во нашата земја, Јасим бин Хамид Ал-Тани, на која беше посочено дека постојат големи можности за зголемување на билетарната трговија и инвестициите.

На средбата исто така министерот и амбасадорот разговараа и за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

Како што посочија од Министерството за економија, Бектеши го информирал амбасадорот за потенцијалите кои што ги има нашата држава, пред се во делот на привлекување на странски инвеститори, а од амбасадорот беше пренесен интерес за разгледување на можностите за инвестиции во земјава.

–Податоците за трговската размена помеѓу Северна Македонија и Државата Катар покажуваат дека има голем простор за зголемување на билатералната трговија. Според статистичките податоци билатералната размена помеѓу двете земји покажува значителен раст во вкупната трговија за 371,1 процент, во 2018 и за 55,8 проценти во 2019 година и благо намалување од 8,9 проценти, во 2020 година, како резултат на пандемијата, што дава голем простор истата да се подобри во иднина, соопшти Министерството.

На средбата беше констатирано дека во наредниот период заеднички засилено ќе работат за подобрување на соработката меѓу двете земји и создавање на бизнис партнерства кои ќе значат позитивен тренд на економската соработка помеѓу Северна Македонија и Државата Катар.

Би можело да ве интересира

Петтиот пакет антикризни мерки одобрен на Комисијата за финансирање, ќе се аплицира до 30 април

Ана Ололовска

Петтиот пакет мерки пред Комисијата за финансирање и буџет – за помошта за плати ќе се аплицира до 30 април

Ана Ололовска

За 122 денари во март зголемени основните трошоци на едно семејство

Ана Ололовска

Нови мерки за сите економски оператори кои ќе бидат затворени овие две недели

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бектеши: Објавени јавни повици за субвенционирање печки на пелети, ПВЦ прозорци, сончеви колектори и фотонапонски панели

Ана Ололовска

Министерството за економија објави три јавни повици за субвенционирање на компании и занаетчии

Ана Ололовска