Монетите од 50 дени се повлекуваат од промет

Од:

Кованите пари од 50 дени се повлекуваат од промет. Најниската домашна валута од утре ќе биде еден денар.

Заокружувањето на крајната пресметка во готовинскиот и безготовинскиот платен промет и во деловните книги ќе се изврши така што износот до 49 дени ќе се занемарува, а износот од 50 до 99 дени ќе се заокружува на 1 денар.

Со ова ќе се поедностави начинот на пресметката при извршување на трансакциите во  готовинскиот и безготовинскиот платен промет.

Замената на кованите пари од 50 дени банките ќе ја вршат до 31 март наредната година. По овој период таа ќе се врши во Народната банка. Монетите од 50 дени во оптек се ретки.  Тие се помали од оние од 1 денар, со слична боја и првото нивно издание од 1993 година го вклучувало и стилизираното 16-крако сонце и претстава на галеб во лет.

Од утре во оптек ќе бидат  монети од 1, 2, 5, 10 и 50 денари и банкноти од 10, 50, 100, 500, 1000 и 5000 денари. Како платежно средство во Република Македонија денарот почнува да се користи од 1993 година. Претходно од 1991 година се користеа вредносни бонови.

Би можело да ве интересира

18 годишник сакал да ограби банка во Аеродром – фатен на дело

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Кривична пријава за пет лица поради фалсификување пари

А1он

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво