„МојДДВ #МојаНаграда“: Првите 15 најсреќни граѓани добија по 100.000 денари

Од:

Најсреќните 15 граѓани кои од 15 до 31 декември лани скенирале фискални сметки, вчера добија по 100.000 денари на вчерашното јавно извлекување на телевизијата Канал 5, соопшти денеска Министерството за финансии.

Во првото коло на наградната игра „МојДДВ #МојаНаграда“ учествуваа 132.261 граѓанин, кои скенирале 5.398.855 сметки. Ова беше прво од 12 месечни извлекувања на 15 награди од 100.000 денари, со електронски генератор по случаен избор.

Шест од наградените се од Скопје, по двајца од Штип и Велес, и по еден награден од Кавадарци, Кочани, Битола, Велес, Вевчани и Крива Паланка. Листата на добитниците ќе биде објавена во рок од три дена од извлекувањето на https://loto.mk/MojaNagradaRezultati

По почетокот на „МојДДВ #МојаНаграда“ во декември се зголемија бројот на скенирани сметки и наплатениот ДДВ во однос на претходниот месечен просек од јули до ноември. Така на пример во декември бројот на скенирани сметки е за 53 отсто повисок во однос претходниот месечен просек, додека наплатениот ДДВ од фискалните сметки е за 59 отсто повисок.

Најмногу сметки на дневно ниво биле скенирани на 31 декември или 559.417 сметки. Тоа е двојно повеќе од просечното дневно скенирање на сметки, сметано од 1 јули. Дента пред новогодишната ноќ бил направен промет од 311.715.569 денари или повеќе од пет милиони евра, за кој бил наплатен ДДВ во износ над 530 илјади евра. Само за скенираните сметки на ден пред Новата година, граѓаните ќе добијат поврат на ДДВ од 15 проценти во износ од 80.000 евра.

Граѓаните кои учествуваат во наградната игра „МојДДВ #Моја награда“ не само што имаат можност да добијат една од 3.852 парични награди, со вкупен фонд од половина милион евра, туку и секои три месеци добиваат поврат на ДДВ и што е најважно, придонесуваат во борбата против сивата економија, истакнуваат од Министерството за финансии.

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов