ММФ: Војната во Украина ќе го закочи глобалниот раст

Од:

Руската инвазија врз Украина ќе влијае врз целата глобална економија, ќе го забави нејзиниот раст и ќе ја зголеми инфлацијата и може суштински да го преобликува глобалниот економски поредок на долг рок, смета Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Покрај човековото страдање и историската река бегалци, војната поттикнува раст на цените на храната и енергијата, ја поттикнува инфлацијата и ги еродира вредностите на приходите, ги наруши трговските текови, синџирите на снабдување и приливот на дознаки во соседните земји на Украина, се наведува во анализата објавена на официјалната веб страница на ММФ.

Конфликтот во Украина, додава ММФ, ја поткопува деловната доверба и предизвикува несигурност кај инвеститорите, што ќе ги намали цените на имотите, ќе ги заостри финансиските услови и може да предизвика одлив на капитал од пазарите во развој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот

Нов воздушен напад во Луганск

А1он