ММФ: Србија постигна неверојатен резултат

Од:

Меѓународниот монетаре фонд и Светската банка оценија дека Србија постигнала неверојатен резултат во однос на намалувањето на јавниот долг.

Јавниот долг на Србија беше повеќе од 70% од БДП, а сега е 50 проценти со тенденција за натамошно намалување.

ММФ и Светската банка предвидуваат дека Србија ќе биде носител на економсскиот развој во регионот со кумулативен раст кој на крајот на 2023 година ќе биде за 21,1 проценти поголем од тој во 2018 година.

Според прогнозите на двете меѓународни финансиски институции, српската економија во следниот петгодишен период годишно во просек ќе расте за 4% и ниедна земја од опкружувањето нема да имала таков кумулативен раст.

ММФ предвидува дека БДП по глава на жител во 2023 ќе изнесува 10.394 долари, во однос на 7.207 долари во 2018 година, односно зголемување за 44 проценти.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски