ММФ: Преговори за нови аранжмани со Србија и со Македонија

Од:

Меѓународниот монетарен фонд во моментов преговара за нови аранжмани со Србија и со Северна Македонија, изјави денеска шефицата на канцеларијата на ММФ за Западен Балкан, Стефани Верен Ебле, пренесе Бета.

„Монетарната политика мора да ја игра својата улога во време на криза, а тоа ќе влијае и на буџетот и на растот. Монетарната политика мора цврсто да ја контролира инфлацијата и да ја одржува транспарентноста и целосната независност во процесот, или во спротивно ризикува да биде помалку ефективна“, рече таа.Нејзината изјава беше дадена на Самитот на гувернери, министри за финансии и директори на даночни администрации од Западен Балкан, што се одржува во Бечиќи, Црна Гора.

Таа оцени дека во овие кризни времиња фискалната политика мора да ја поддржува монетарната политика, пред се со ограничување на побарувачката.

„Ќе биде неопходна фискална консолидација. Платите во јавниот сектор треба да бидат под контрола, бидејќи тие го зголемуваат притисокот врз инфлацијата, покрај притисокот врз буџетот. Подобро е да се исплаќаат еднократни бонуси отколку да се зголемат платите“, рече Стефани Верен Ебл.

Според неа, најзагрозените граѓани треба да се поддржат со пари од буџетот, а притоа да се избегне поттикнување на инфлацијата.

„Ограничувањето на цените на електричната енергија не е само фискално преголем трошок, туку исто така не поддржува заштеда на електрична енергија. Владите треба да избегнуваат даночни намалувања“, препорача таа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ

Средба со Светска банка: Народната банка придонесува за одржување на здравоста на финансискиот сектор преку својата макропрудентна политика