ММФ предвидува јавниот долг на Албанија да достигне 83,2 отсто од БДП, домашните експерти 100 отсто

Од:

Меѓународниот монетарен фонд предвидува јавниот долг на Албанија да достигне 83,2 отсто од бруто домашниот производ (БДП), што ќе претставува исторски највисоко ниво.

Коментрајќи ги ваквите предвидувања, еден од најпознатите експерти од областа на економијата, Зеф Пречи оценува дека тоа е резултат на двете последователни кризи, ланскиот катастрофален земјотрес на 26 ноември и пандемијата со Ковид-19, но и лошото справување со нив. Дури, според него, долгот може да достигне и до 100 отсто од БДП.

– Ова е очекуван развој. Тоа се случува во услови кога сите показатели за економски развој долги години предизвикаа долгот да биде на високо ниво, а тука сега и земјотресот од 26 јануари 2019 година и кризата со пандемијата. Оваа комбинација на фактори, плус и лошото управување на две кризи, не доведоа до ситуација кога долгот се приближиува до 100 отсто од БДП, изјави Пречи на Ора њуз телевизија.

Додава дека вака висок долг значи оти кој и да ја води земјата по изборите на 25 април 2021 година ќе биде во тешка дилема да ги зголеми даноците или да се одлучи на проширување на основата на даночните обврзници. Тоа е, објаснува Пречи, да се зголеми бројот на оние кои придонесуваат, затоа што околу 30 отсто од економијата е надвор од системот, што не придонесува во приходите на буџетот.

– Од друга страна, зголемениот јавен долг значи дека земјата не е привлечна за странски директни инвестиции, што значи дека економијата не работи правилно и ресурсите за инвестиции се намалуваат. Исто така и системот за заеми е под влијаат на овие потенцијални ризици што ги носи високиот јавен долг, смета Пречи.

ММФ предвидува дека јавниот долг на Албанија годинава ќе достигне 83,2 отсто од БДП, што е највисоко ниво по падот на комунистичкиот систем.

Овој резултат е најмалку 3,2 процентни поени повисок од националните прогнози на Министерството за финансии, во последниот нормативен акт за промена на буџетот, кој предвидува дека јавниот долг ќе достигне 80 отсто од БДП.

За 2019 година, ММФ објави дека Албанија има јавен долг од 67,7 отсто од БДП, резултат сличен на она што го кажаа албанските власти.

Би можело да ве интересира

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ

Средба со Светска банка: Народната банка придонесува за одржување на здравоста на финансискиот сектор преку својата макропрудентна политика