ММФ по првпат се заканува на членка со исклучување поради неточни податоци за инфлацијата и БДП

Од:

Извршниот совет на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) можно е да воведе санкции кон Аргентина, кои можат да дојдат и до исклучување на земјата од финансиската организација.

По првпат во историјата ММФ усвои казнена декларација против латиноамериканската држава. Во неа Аргентина е повикана неодложно да ги корегира неправилностите во статистичките податоци за економскиот раст и инфлацијата. Во документот се истакнува дека земјата го пресметува растот на инфлацијата и својот БДП на неточен начин.

Аргентина има краен рок до 29 септември да ги поправи погрешните податоци. ММФ на 13 ноември повторно ќе разгледа како се справила земјата.

Аргентина банкротира во 2001 година. Во втората половина на 2005 година земјата успеа да го исплати целосниот долг кон Фондот. Оттогаш таа не дозволува проверки на инспектори на ММФ. Земјата е обвинувана дека претставува намалени податоци за нејзината инфлација.

Во 2011 година официјалните податоци говореа за инфлација од 9,5 проценти, додека приватните институти ја оценија на 23 отсто.

Сега ММФ по првпат од неговото формирање во 1944 година, почнува казнена процедура против своја земја-членка, која достигнува толку далеку поради проблем со статистичките податоци.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ