ММФ планира да ја намали прогнозата за глобалниот раст поради новата мутација на вирусот

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) планира да ја намали прогнозата за светскиот раст поради новиот сој на коронавирусот – Омикрон кој се шири низ светот, изјави генералниот директор на институцијата Кристалина Георгиева.

– Новиот сој на вирусот кој може многу брзо да се шири може да ја разниша довербата и во таа смисла веројатно ќе имаме ревизија под нашите проекции за глобален раст од октомври, изјави Георгиева.

Во октомври ММФ веќе ја намали прогнозата за раст на светскиот бруто домашен производ на 5,9 отсто, наспроти прогнозата од 6,0 отсто во јули, поради логистички проблеми и нерамномерна вакцинација.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ