ММФ: Пандемијата може да го зголеми економскиот јаз помеѓу половите

Од:

Пандемијата со новиот коронавирус би можело да го загрози напредокот што го постигнаа жените во последните три децении во намалувањето на економскиот јаз со мажите, истакна денеска извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

Таа додаде дека економскиот шок предизвикан од здравствената криза повеќе ги погоди жените отколку мажите, бидејќи поголем е бројот на вработени жени во погодените сектори – услужната индустрија, малопродажбата, туризмот и хотелиерството.

Во САД во периодот од апрл до јуни 2020 година зголемен е стапката на невработени жени за два процентни поени во споредба со мажите, се наведува во текстот на Георгиева, кој е потишан од уште тројца претставници на ММФ.

Според ММФ, жените имаат тенденција да работат 2,7 часа дневно повеќе од мажите од неплатените домашни работи.

Жените ги преземаа поголемиот број семејни обврски произлезени од мерките за изолација, како што беше затворањето на училиштата. По укинување на рестриктивните мерки на жените им треба повеќе време за пронаоѓање на нова работа, а девојите во голем број земји во развој принудени се да го напуштат училиштето за да го пополнат домашниот буџет.

ММФ предлага „добро осмислени политики можат да ги ублажат негативните ефекти од кризата врз жените“. Авторите на текстот ги посочуваат позитивните иницијативи во Австрија, Италија, Португалија и Словенија, каде е воведено законско право на (делумно) платено отсуство за родителите на деца под одредена возраст.

Би можело да ве интересира

Средба Бесими – ММФ: Целта ни е следните години растот да се дуплира

Ана Ололовска

ММФ: На корона-кризата не ѝ се гледа крајот

А1он

Пандемијата ја чини глобалната економија 375 милијарди долари месечно

А1он

ММФ: Растот на бројот на заразени од Ковид-19 е најголемиот ризик за американската економија

А1он

ММФ: Пакетот за закрепнување на ЕУ треба да има повеќе грантови, а не заеми

Ана Ололовска

ММФ: Пандемијата ќе го намали светскиот БДП за 4.9 проценти

А1он