ММФ: Пандемијата ќе го намали светскиот БДП за 4.9 проценти

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупредува дека глобалната економија ќе се соочи со поголем пад отколку што претходно беше проектирано, а состојбата со јавните финансии на државите значително ќе се влоши по напорите на владите да ги сузбијат негативните економски ефекти од пандемијата на коронавирусот.

ММФ сега предвидува дека глобалниот пад годинава ќе изнесува 4,9 проценти, што е поголем пад од трите проценти прогнозирани во април.

„Пандемијата имаше поголемо негативно влијание врз економската активност во првата половина од 2020 година отколку што беше предвидено, а се очекува закрепнувањето да биде побавно отколку што претходно беше прогнозирано,“ се наведува во ажурираниот извештај на ММФ за „Светските економски изгледи“.

ММФ во април предвидуваше раст од 5,8 отсто на бруто домашниот производ во 2021 година, но во најновиот извештај истакнува дека тој процент ќе биде 5,4  проценти.

Финансиската институција со седиште во Вашингтон предвидува дека годинава глобалниот јавен долг ќе биде над 100 проценти од БДП.

Според основните сценарија на ММФ, глобалниот јавен долг ќе достигне историски рекорд во 2020 и во 2021 година, односно годинава ќе биде 101,5 проценти од БДП, а следната година – 103,2 отсто од БДП. Покрај тоа, просечниот фискален дефицит годинава ќе се искачи на 13,9 отсто од БДП, што е за 10 процентни поени повеќе во споредба со 2019 година.

ММФ  предвидува и пад на американската економија од осум проценти годинава, а во април предвидуваше пад од 5,9 отсто.

Во извештајот се посочува и на пад во еврозоната од 10,2 проценти, а за БРазил, Мексико и Јужна Африка прогнозира рецесија од 9,1. 10, 5 и осум отсто.

Би можело да ве интересира

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

Ангеловска-Бежоска: Поради родовата нееднаквост губиме околу 18% од БДП годишно

Орце Костов

БДП зголемен за 2,2 отсто соопшти Статистика

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме