ММФ одобри транша од 500 милиони долари од пакетот за спас на Пакистан

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри ослободување на транша од 500 милиони долари од заемот за Пакистан, заживувајќи го на тој начин пакетот за спас на земјата што беше суспендиран поради неуспехот на Исламабад да ги спроведе реформите, јави ДПА.

„Програмата има за цел да ги поддржи политиките на Пакистан за помош на економијата и спасување животи и средства за живот во услови на се уште распространета пандемија со Ковид-19, се наведува во соопштението на ММФ, по вчерашното одобрување на блокираниот заем.

Одобрувањето на ММФ го отвори патот за ослободување на третата транша од пакетот за спас вреден 1,45 милијарда долари, што Пакистан го доби во 2019 година за да се избегне кризата во платниот биланс, појаснува германската агенција.

Заемот беше суспендиран во април минатата година поради немање напредок во пакетот економски реформи, што се услов за заемот, а вклучуваа зголемување на цените на енергијата и зголемување на наплатата на приходите, што е едно од најниските во светот.

ММФ, исто така, побара од Пакистан да се откаже од контролата на централната банка врз валутата и да усвои пазарен курс, да ги приватизира јавните сектори кои покажуваат загуби и да ги прекинат субвенциите во секторите за електрична енергија и земјоделство.

Откако договорот беше потпишан, сепак, некои од реформите беа спроведени, па така во февруари владата ја зголеми цената на електричната енергија за 16 проценти.

Откако премиерот Имран Кан ја презеде функцијата во 2018 година, пакистанската економија во оваа доминантно муслиманска земја со 220 милиони жители западна во длабока криза.

Централната банка на Пакистан минатата недела излезе со предвидување за триотстотен раст на БДП во оваа фискална година.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски