ММФ: Нерамноправноста во пристапот до вакцините се одразува и на закрепнувањето на економиите

Од:

Светската економија нерамномерно закрепнува од пандемијата поради нееднаквоста во пристапот до вакцините, предупреди главната економистка на ММФ, Гита Гопинат, додавајќи дека делта сојот им се заканува на земјите што немаат основни медицински материјали.

Пандемијата почна пред повеќе од една година и многу земји се уште се борат да се справат со коронавирусот, особено со многу заразниот делта сој, што постепено ги потиснува сите други.

Индонезија, Малезија, Тајланд и Австралија ги зајакнуваат ограничувањата за борба против новите епидемии.

-Во моментов, ние сме сведоци на изразена нееднаквост во пристапот до вакцини, вклучувајќи ги и лековите и дијагностиката, така што закрепнувањето е нерамномерно, изјави Гопинат на вчерашниот веб-семинар организиран од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

„Главниот проблем е како да се обезбеди добро вакцинирање за луѓето ширум светот“, нагласи Гопинат.

Некои земји нема да ја имаат потребната опрема за тестирање и лична заштита или кислородот што ќе им биде потребен за да го преживеат бранот од нови случаи, предупреди претставничката на Меѓународниот монетарен фонд, повикувајќи се на скокот на бројот на заразени во субсахарска Африка Латинска Америка.

ММФ очекува светската економија година силно да порасне откако минатата година го забележа најголемиот пад од Втората светска војна.

Во април, меѓународниот заемодавател ја зголеми прогнозата за глобалниот економски раст за оваа година на шест проценти, соопштувајќи дека заздравувањето во земјите во развој треба да биде послабо отколку во развиените економии.

-Кризата не врати назад во голем број области, вклучувајќи ја и безбедноста на храната, сиромаштијата и долговите, рече главната економистка на Светска банка, Кармен Рајнхарт, на истиот веб-семинар.

Таа, исто така, предупреди дека нерамномерното закрепнување на светската економија е придружено со нагло зголемување на инфлациските притисоци во многу земји.

Инвеститорите внимателно следат знаци на забрзување на инфлацијата, особено во САД, се повеќе стравувајќи дека американската Централна банка и монетарните институции на другите големи економии ќе го забрзаат темпото на укинување на монетарната поддршка на економијата во коронската криза.

-Многу од овие извори на инфлацијата всушност се со краток век, разумно е да се очекува бројките да се нормализираат до следната година, смета Рајнхарт.

„Во овој момент, би рекол дека инфлацијата само привремено го менува темпото и ќе ослабне“, иако секогаш постојат ризици цените да се забрзаат, заклучи претставничката на Светска банка.

Би можело да ве интересира

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ

Средба со Светска банка: Народната банка придонесува за одржување на здравоста на финансискиот сектор преку својата макропрудентна политика