ММФ: Меѓународната заедница треба да ги намали трговските бариери за да се бори со инфлацијата

Од:

Меѓународната заедница треба да ги намали трговските бариери, за да се бори со инфлацијата. Оваа препорака ја има во заедничката статија, објавена денеска од извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, нејзиниот прв заменик Гита Гопинат и директорката на Одделот на стратегија, политика и анализа на ММФ, Џејла Пазарбасиоглу.

Авторите повикаа на „враќање на довербата во глобалниот систем, заснован на правила“.

„Можеме да започнеме уште сега со намалување на трговските бариери, за да се надмине недостигот и да се намалат цените на продуктите и другите стоки. Не само државите, туку и компаниите треба да го диверзифицираат увозот, за да се обезбедат синџири за снабдување и да се зачуваат огромните деловни придобивки од глобалната интеграција“.

Во објавениот текст се забележува дека тензиите околу трговијата, технолошките стандарди и безбедноста, „се зголемуваат со години, поткопувајќи ги растот и довербата во сегашниот глобален економски систем“.

Според ММФ, „само несигурноста околу трговската политика довела до пад на светскиот БДП за речиси еден процент во 2019 година. Во меѓувреме, од почетокот на војната во Украина, околу 30 држави ја ограничија трговијата со храна, енергија и со други клучни стоки“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ