ММФ ја зголеми проценката за растот на американската економија на седум отсто во 2021 година

Од:

Американската економија во 2021 година ќе порасне за седум проценти, што е значително пооптимистичка последна прогноза на ММФ отколку во април и се темели на силното закрепнување од пандемијата, како и на претпоставката дека големите инфраструктурни и планови за социјална потрошувачка на претседателот Џо Бајден ќе бидат усвоени во Конгресот.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во проекцијата од април предвиде дека годинава растот на американскиот БДП ќе изнесува 4,6 проценти. Фондот, исто така, ја зголеми својата прогноза за растот на американската економија за 2022 година, на 4,9 проценти, наспроти 3,5 проценти во април.

Новите повисоки предвидувања покажуваат дека американскиот Конгрес ќе ги усвои плановите на администрацијата на претседателот Џо Бајден годинава фокусот да се стави врз вработувањата и инвестициите во покревање на стандардите на американските семејства, во форма слична на првичните предлози, кои вклучуваа значителни социјални трошоци и даночни реформи.

Извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, изјави дека со ова САД ќе ги усвојат бројните препораки што ММФ со години им ги даваше, вклучувајќи ги инвестициите во зголемување на продуктивноста, образованието, како и овозможување на повеќе жени да имаат пристап до работа на американскиот пазар на трудот.

-Тоа ќе ја зголеми краткорочната побарувачка, зголемувајќи го БДП-то за кумулативни 5,25 проценти од 2022 до 2024 година, рече Георгиева на прес-конференција, додавајќи дека двете програми што Конгресот треба да ги усвои ќе доведат до траен раст на приходите и животниот стандардна Американците, со раст на БДП за еден процентен поен и по десет години.

Имено, ММФ смета дека САД треба да дадат приоритет на инвестициите во програми кои имаат најголемо влијание врз зголемувањето на продуктивноста, потоа врз зголемувањето на учеството на граѓаните во работната сила, намалувањето на сиромаштијата и поттикнување на транзицијата на економијата од јаглеродот.

ММФ наведува дека САД треба да ја користат даночната политика за да ги постигнат овие цели, намалувајќи ги „лошо насочените даночни трошоци“, истовремено зголемувајќи ги федералните даноци на гориво и воведувајќи други даноци на јаглерод.

Би можело да ве интересира

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ

Средба со Светска банка: Народната банка придонесува за одржување на здравоста на финансискиот сектор преку својата макропрудентна политика