ММФ: Глобалната економија годинава ќе забележи пад од 4,4 проценти

Од:

Глобалниот долг до крајот на годината ќе се зголеми до 277 трилиони долари, како резултат на натамошното трошење на владите и компаниите за да одговорат на пандемијата на коронавирусот, проценува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во денеска објавениот извештај.

Според ММФ, во кој членуваат повеќе од 400 банки и финансиски институции од светот, глобалниот долг во септември се зголеми за нови 15.000 милијарди долари на сегашните 277.000 милијарди долари.

Британските медиуми наведуваат дека речиси две третини од ова зголемување главно се однесува на развиените пазарни економии.

Вкупниот долг на развиените земји во третиот квартал скокна на 432 проценти од бруто домашниот производ (БДП), од нивото од околу 380 проценти на крајот на 2019 година.

Учеството на долгот во БДП на земјите во развој во третиот квартал достигна речиси 250 проценти, и 335 проценти во Кина.

ММФ предвидува дека до крајот на годината, односот на долгот на овие земји кон глобалниот БДП ќе достигне 365 проценти.

„Постои значителна неизвесност за тоа како глобалната економија во иднина може да се раздолжи без поголеми негативни импликации врз економската активност“, се наведува во извештајот на ММФ.

Оттаму се додава дека вкупниот американски долг е на пат годинава да достигне 80.000 милијарди долари, во споредба со 71.000 милијарди долари долг во 2019 година.

Во еврозоната, до септември долгот се зголеми за 1,5 трилиона долари, на 53 трилиони долари.

ММФ навдува дека до крајот на следната година на земјите во развој им достасуваат за отплата долгови од околу 7.000 милијарди долари врз основа на обврзници и заеми, од кои околу 15 проценти се деноминирани во долари.

Според прогнозата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), глобалната економија годинава ќе забележи пад од 4,4 проценти, проследено со раст од 5,2 проценти во 2021 година.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ