ММФ: Економскиот раст во Азија ќе застане првпат по 70 години

Од:

Азискиот регион нема да оствари економски раст првпат од шеесеттите години од минатиот век, изјави Чанг Џонг Ре од Азиско-пацифичкиот оддел на Меѓународниот монетарен фонд.

Ре истакна дека Азија сепак ќе помине подобро од другите региони, но факторите што ќе ја влошат надворешната побарувачка во Европа и Северна Америка, каде се очекува сериозна рецесија, ќе ја нарушат еконимијата во Азија.

Запирање на растот на брзорастечката азиска економија поради пандемијата на коронавирусот е далеку поголемо отколку во време на светската финансиска криза во 2008 и 2009 година и падот на азиската економија во 1997 и 1998 година, известуваат од ММФ.

Од коронавирусот досега се починати повеќе од 135.000 луѓе ширум светот, а владите беа принудени да воведат мерки со кои ќе запре трговијата и ја предизвика најголемата криза во Азија досега, истакна Ре

Економскиот раст во најголемата азиска еконимија, Кина, каде започна пандемијата кон крајот на 2019 година, ќе се намали од 6,1 проценти во 2019 година на 1,2 проценти оваа година, очекува ММФ.

Економиите што зависат од трговијата со Кина, како Австралија и Малезија, веројатно ќе доживеат остри рецесии, со намалување на активностите за 6.7 проценти односно 1.7 проценти.

Исто така, факторите како пад на туризмот, нарушување на трговијата и производството, дополнително ќе го отежнат економскиот раст, проценуваат од ММФ.

Втората најголема азиска економија, Јапонија, би можела да ги намали активностите за 5,2 проценти, аТајланд, каде туризмот учествува со околу 10 проценти во бруто домашниот производ, ќе се соочи со пад од 6,7 проценти, очекува ММФ.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ