ММФ бара светските креатори на политики да спречат неконтролирана инфлација

Од:

Генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева денеска ги повика светските креатори на политики да спречат неконтролирана инфлација во време на глобални економски превирања.

Таа нагласи дека светската економија е „погодена од еден шок по друг“, пандемијата на коронавирус, руската инвазија врз Украина и повторен раст на инфлацијата, додавајќи дека ограничувањето на порастот на цените треба да биде приоритет.

– Ако не ја вратиме ценовната стабилност, ќе ги поткопаме изгледите за раст. Не можеме да дозволиме инфлацијата да стане здивен воз, тоа е лошо за растот, лошо за луѓето, особено за сиромашните, рече Георгиева.

Федералните резерви на САД и другите централни банки ги зголемуваат каматните стапки во последните месеци за да ја ограничат инфлацијата.

Георгиева рече дека повисоките трошоци за задолжување ќе го забават економскиот раст, но ги повика креаторите на политиката да покажат воздржаност во трошењето. Таа предупреди дека поделбата на светската економија на ривалски политички блокови може да спречи ограничување на инфлацијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ