ММФ бара поскапување на природниот гас во Украина

Од:

Меѓународниот монетарен фонд повторно ја повика Украина да го поскапи гасот и греењето за домаќинствата, доколку сака да го добие кредитот од 15,6 милјарди долари од ММФ.

Владата на Виктор Јануковиќ, одлучно рече „Не“ на ваквото барање, што лани доведе до замрзнување на средствата од ММФ кои требаше да бидат наменети за помош на Украина.

Шефот на мисијата на ММФ, Крис Џарвис, истакна дека во моментов секое украинско домаќинство плаќа само една петина од увозната цена на природниот гас.

Тој денеска изјави дека ММФ ќе ги обнови преговорите само ако владата се сложи да прифати барем еден дел од нивните барања.

Украина се надева дека нема да има потреба од воведување на непопуларните мерки и се обидува да го добие природниот руски гас по пониска цена. Сепак сите досегашни преговори со Москва завршија со неуспех.

Би можело да ве интересира

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Русија ги нападна Киев и другите украински градови со беспилотни летала

Русија е против идејата на Ердоган кој вели Крим да е под контрола на Украина

Горан Наумовски

Руските сили започнаа контранапад во областа Курск

Русија со беспилотни летала го нападна Киев