Митева: СДСМ го осиромашува домашниот буџет и нуди парцијални решенија кој ќе имаат долгорочен негативен ефект

Од:

„Неуспешните економски политики на СДСМ не може да резултираат со успех во енергетиката, тоа се гранки кои се поврзани и зависни една од друга. СДСМ минатата година ја заврши со прогласување на енергетска криза, а почетокот на оваа година го дочека со криза во снабдување со топлинска енергија. Единствена причина за ова е неспособноста на СДСМ. Од истите луѓе во економскиот и енергетскиот сектор можеме да очекуваме исти погубни и лоши политики. Бислимоски како прв човек на РКЕ уверуваше дека нема да се покачи парното, нема да се покачи цената на гасот, дека компаниите се спремни за грејната сезона, с реалноста е сосема спротивна парното е поскапено, цената на гасот е поскапена и компаниите работат со загуба“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Додека ревносно се обидуваат да се претстават како решение на проблемите, фактите излегуваат на површина. Се уште не се знае колку државата ќе ја чини кризната состојба на пазарот со топлинска енергија. Познато е само дека со 6 милиони евра од буџетот ќе се помогне БЕГ да ги покрие високите трошоци за гас. Не се знае ниту кога точно ЕСМ ќе го преземе управувањето со БЕГ. Компанијата БЕГ, која испорачува топлина за најголем дел од корисниците на парно греење во Скопје досега и должи на централата „ТЕ-ТО“ скоро три милиони евра за испорака на топлинска енергија. Само во првите 16 дена од месецов, долгот кон „ТЕ-ТО“, која освен струја, произведува и топлинска енергија е речиси еден милион евра.

Зошто Владата дозволи да се прогласи кризна состојба со снабдување на топлинска енергија кога цената на гасот како енергенс е ситуација која може да се предвиди? Зошто Владата на СДСМ не успеа да обезбеди гас по ниска цена како што тоа го направија и останатите земји од регионот и светот? Зошто Владата на СДСМ го претставува ова како свој успех кога цената на гасот повторно ќе се плаќа од парите на граѓаните?

Почитувани, додека просечниот граѓанин нема пари да ја помине зимата, додека високите цени во маркетите, поскапената струја за 15%, поскапеното парно за 14% го осиромашува домашниот буџет, СДСМ нуди парцијални решенија кој долгорочно со сигурност ќе имаат негативен ефект“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стоилковски: Џафери брутално го наруши Етичкиот кодекс, а СДСМ молчи само и само за гола власт!

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Лефков: Премногу е, протест на 18 јуни пред Влада, за рушење на оваа власт, за промени и подобар живот

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Кратење на непродуктивните трошења со ребалансот на буџетот е чисто манипулирање на јавноста и признание дека оваа Влада не работи домаќински

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски не смее да го осуди и да побара оставка на Талат Џафери, се плаши дека ќе му падне владата

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Молчењето не е опција, протест за рушење на владата

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ закажа протест за 18 јуни во Скопје

Кристијан Ландов