Митева: Постигнат е договор со банките за унгарскиот кредит

Од:

Постигнат е договор со банките и средствата од унгарскиот кредит ќе го придвижат стопанството. Во однос на истото ве информирам дека на седница на Влада одржана на 26.11. се донесе заклучок во врска со предлогот на Министерството за финансии за условите за кредитна линија од унгарскиот кредит, а во однос на користење на средствата од кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва, изјави портпаролката Марија Митева.

Притоа таа истакна:

„Врз основа на истото Владата го задолжи Министерството за финансии во соработка со Развојната банка да преземат активности околу операционализација на средствата од кредитната линија под следните услови:

– минимален износ по корисник до 10 милиони евра; рок на отплата од страна на крајниот корисник до 15 години со вклучен грејс период до 3 години и квартална отплата по завршување на грејс периодот; фиксна каматна стапка од 1,95% без надомест за одобрување и управување; сопствено учество на крајниот корисник од минимум 20% од вкупната вредност на инвестицијата.

Дополнително, средствата од кредитната линија за финансирање на инвестициите и развојот на приватните трговски друштва ќе бидат наменети за финансирање на дејност производство и истите ќе можат да се користат за следните намени: инвестиции во опрема, како што се машини и останата опрема; недвижности (погони, фабрики , деловни објекти за сопствена употреба); транспортни средства поврзани со производствениот процес; обновливи извори на енергија наменети за производство на енергија и нематеријални средства како што се инвестиции во развојот и софтвери.

Исплатата ќе биде извршена врз основа на доставени фактури од страна на крајниот корисник со цел обезбедување на соодветна контрола на искористувањето на средствата. Имајќи предвид дека бруто-домашниот производ е проектиран на 16 милијарди, станува збор за 5 проценти од бруто домашниот производ, средства коишто очекуваме да бидат инвестирани оваа и следната година. Тоа е алатка со која што ќе се бориме против евентуалната економска криза и со која ќе ја придвижиме економијата во целост“, рече Митева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митева: Имаме рекорден прилив од странски директни инвестиции

Горан Наумовски

Димитриеска Кочоска имаше тет-а-тет средба со претставници на секоја банка посебно за унгарскиот кредит

Ангелоски: Очекуваме што е можно побрзо Владата да ги договори условите за унгарскиот кредит

Мицкоски: Се доближуваат ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем со банкарската асоцијација

Филипче: Зошто граѓаните да плаќаат за каматите на кредитите што Владата ќе им ги одобри на компаниите?

Катерина Ѓуровски

Азески: Владата и банките мора да се договорат, не може провизиите да бидат баснословни