МИОА ги отфрли како неточни тврдењата на КСС за јавната администрација

Од:

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ги отфрли како неточни денешните тврдења на Конфедерацијата на слободни синдикати за јавната администрација.

Во соопштението, МИОА наведува дека вработените во јавната администрација не одат на работа, туку работат од дома веќе втор месец согласно препораките за справување со коронавирусот и нивните плати се непроменети од пред кризата.

– Единствено, со уредба со законска сила Владата одлучи, избраните и именувани лица како знак на солидарност да земаат минимална плата. По одлуката на Уставниот суд, најголем дел од нив сепак се одлучија платата да ја донираат во фондот наменет за справување со Ковид-19, велат од МИОА.

Оттаму апелираат до КСС да престане со ширење на дезинформации, особено во вонредни услови бидејќи на тој начин не му помагаат на никој, а особено не на вработените во јавната администрација.

Би можело да ве интересира

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за протестот на КСС пред Собрание

Горан Наумовски

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски