Министрите од ЕЗ со фокус на брзи инструменти за помош на економијата

Од:

Министрите за финансии во еврозоната, се очекува денеска да се обединат околу три брзи механизми за да и помогнат на економијата во момент на пандемијата на новиот коронавирус.

Во исто време, се водат и дискусии за идеи за долгорочни алатки за помош за обновување.

На 26 март, европските лидери побараа од министрите да излезат со предлози за да ги ублажат ефектите од пандемијата, за кои експертите очекуваат дека ќе ја втурне Европа во длабока рецесија оваа година.

Трите идеи што веројатно ќе добијат најголема поддршка се – да се користи Европскиот механизам за стабилизација (EМС), Европската инвестициска банка (ЕИБ) и шемата за вработување со скратено работно време на Европската комисија, наведува неименуван европски претставник.

Стенд-бај кредитната линија на ЕМС со големина до два отсто од БДП на земјата-барател може да биде достапна за 12 до 24 месеци со рок на достасување од 5 до 10 години.

Втората идеја е гаранции од ЕИБ до 25 милијарди евра. Ова ќе и овозможи на банката да обезбеди дополнителни 200 милијарди евра заеми на малите и средни компании. Исто така, постои опција за зголемување на капиталот на ЕИБ.

Третата опција е шема за вработување со скратено работно време за спречување на технолошки вишок, по планот што веќе го спроведува Германија. На овој начин, работодавците ќе бидат охрабрени да ги задржат своите вработени пренесувајќи ги на помалку часови. Државата потоа ќе ги надополни добиените намалувања на платите преку евтини заеми од Европската комисија, кои ќе позајмат до 100 милијарди евра од пазарите за оваа намена.

Би можело да ве интересира

ЕУ е должна 13.272,7 милијарди евра, што е 84 отсто од нејзиниот БДП

Ана Ололовска

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

А1он

Анализа: Пад во стопанството на Еврозоната втор месец по ред

А1он

Инфлацијата во август достигна 9,1 отсто во земјите од еврозоната

А1он

Потрошувачите во еврозоната очекуваат висока инфлација и послаб економски развој

ЕК: Очекувањата на потрошувачите во ЕУ и во еврозоната на рекордно ниско ниво

Ана Ололовска