Министерство за финансии: Јавниот долг се менаџира и се одржува на стабилно ниво

Од:

Министерството за финансии денеска го објави податокот за нивото на јавниот и државниот долг заклучно со 31.12.2021 година. Согласно објавените податоци јавниот долг заклучно со 31.12.2021 година изнесува 60,9 % од БДП.

„Јавниот долг се одржува на стабилно ниво. И во услови на здравствена криза која трае во последните две години, а последниот квартал на 2021 година се соочуваме и со енергетска криза, со политиките и мерките што ги преземаме нивото на јавниот долг на крајот на 2021 година забележа намалување во споредба со нивото на јавниот долг на крајот на 2020 година. На крајот на 2021 година јавниот долг забележа намалување од 0,1 процентен поен во споредба со состојбата на јавниот долг на крајот на 2020 година, додека во третиот квартал имаше намалување од 3,8 процентни поени во однос на претходниот квартал.

Остануваме на определбата јавниот долг да го позиционираме под Мастришкиот критериум од 60 % од БДП, така што согласно проекциите со Стратегијата за управување со јавниот долг во 2026 година тој треба да се намали на ниво од 57,7 % од БДП“, се наведува во соопштението на Министерството.

Министерството за финансии ги објавува податоците за јавниот долг на квартално ниво, додека за државниот долг на месечно ниво. Според последните податоци државниот долг на 31.12.2021 година е на ниво од 51,9 % од БДП.

Би можело да ве интересира

МФ: Заокружена финансиската конструкција за изградба на Гасниот интерконектор со Грција, обезбедени 98,6 милиони од ЕБОР

МФ: Се проширува поддршката од Трезорот на САД – Нов Договор за зајакнување на капацитетите за надзор над небанкарскиот финансиски сектор

МФ: Конзистентноста во политиките, напорите за фискална консолидација и економски раст потврдени од „Стандард и Пурс“, задржан кредитниот рејтинг

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии

Деаноски: Доколку Уставниот суд одлучи да се запре надополнувањето на платите за 30 отсто на вработените во МФ, постои опасност од затворање на трезорот

Членови на УПОЗ на протест за времената мерка со која им се запре исплатата на зголемувањето за 30 отсто на платите

Катерина Ѓуровски