(ВИДЕО) Николовски: Дo крај на април исплата на дополнителната субвенција за откупени сливи

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска во рамки на кампањата „Институциите на терен“ имаше работна средба со земјоделците од Пијанечко-малешевскиот регион на која ја потенцираше заложбата на Владата и Министерството за продолжување на трендот за редовна исплата на субвенциите кон земјоделците.

– Во рамки на овие средби пред земјоделците го споделив фактот дека Mинистерството неодамна исплати 5,5 милиони евра субвенции. Во оваа сума се и субвенциите за сливите кои Mинистерството ги исплати во соработка со платежната агенција. Ако на ова се додадат 4,4 милиони евра за субвенции за градинарски култури или вкупно 245 милиони евра за тековни и заостанати субвенции од јуни 2018 година досега, тогаш навистина станува збор за искрен пристап кон земјоделците, истакна Николовски.

Пред граѓаните од регионот Пијанец-Малеш, Николовски дискутираше и за мерката за воведување зелена нафта за земјоделците.

– Ветивме дека зелена нафта ќе има во првите две години и еве 2019 е прва година во која земјоделците ќе ги добијат зелените картички, за почеток со 30 проценти намалување, со што се надеваме дека ова ќе придонесе кон целокупниот развој на земјоделството, додаде Николовски.

Директорот на Платежната агенција Николче Бабовски рече дека во изминатиот период за Делчево се исплатени субвенции во висина од 63 милиони денари.

-Тоа се пари кои во текот на изминатата 2018 година се влезени во регионот кој потпаѓа на подрачната единица на Министерството за земјоделството во Делчево. На име на основни субвенции, пак, годинава се исплатени скоро 45 милиони денари, така што тој тренд ќе продолжи и во нредниот период, посочи Бабовски.

Министерот Николовски од Делчево заминува за Каиро, каде ќе има средба со високи претставници од Египет, со кои ќе се разговара за извоз на македонскот јаболко на египетскиот пазар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата