Министерот Бесими на средби во Светска банка: Oдговор на влијанието од енергетската и ценовната криза, но и фокус кон натамошен долгорочен развој

Од:

На средбите со извршниот директор на Светска банка Кун Давидсе, потпретседателот на Светска банка Ана Бјерде, регионалниот директор за Западен Балкан Линда Ван Гелдер и директорот на Светска банка за земјава, Масимилијано Паолучи беа разгледани мерките и политиките што ги спроведува земјата за справување со енергетската и ценовната криза, можностите и потребите за поддршка во реализација на тие мерки, како и плановите за враќање на патеките на економски раст, информира Министерството за финансии.

dobivaj vesti na viber

„Конфликтот во Украина, неговото времетраење и неизвесноста што ја наметнува влијае на економијата на нашата земја, како и врз цените на основните прехранбени производи и енергенсите, кои и претходно веќе бележеа раст. Владата навремено одговори преку пакет мерки од 400 милиони евра, со средства обезбедени од Буџетот, но несомнено одолговлекувањето на кризата, прави дополнителен притисок и создава потреба од дополнителни финансиски средства“, рече министерот Бесими, кој ги финализира договорите околу користење на инструментот Макрофинансиска поддршка од Европската Комисија како и финансиска поддршка од ММФ, кои ќе дадат силен сигнал за понатамошно продолжување на добрите макроекономски политики.

Тој потенцира дека Владата на среден рок останува посветена на структурните реформи, забрзан економски раст и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Несомнено е дека економските последици од војната во Украина влијаат на проекциите и на истите е извршена надолна ревизија, следејќи го трендот на ревизија на проекциите на глобално ниво. При тоа, Планот за забрзан економски раст, воспоставен минатата година од страна на Министерството за финансии и усвоен од Владата, е добар патоказ за постигнување на нашите среднорочни цели, и истиот е позитивно оценет и од Групацијата на Светска банка.

На средбите беше презентиран Планот со сите негови елементи, вклучувајќи ги и инструментите што треба да бидат воспоставени. Групацијата Светска Банка, ЕБОР, ИФЦ и МИГА покажаа интерес околу можностите за нивно вклучување и поддршка на активностите кои произлегуваат од Планот, велат од МФ.

Зелената агенда, дигитализаицјата, иновациите и технологијата, развој на човечкиот капитал, подобрување на инфраструктурата се приоритети утврдени и од Владата и вградени во Планот за забрзан економски раст. Светска Банка останува активно вклучена во реализација на активностите во РС Македонија, кои се дефинирани во тековната Рамка за партнерство, но и продолжува со детални анализи на пооделни сектори кои ќе се отсликаат во новата дијагноза за земјата и од кои ќе произлезат фокусираните области на соработка. Секако горенаведените приоритетити ќе бидат вградени во новата четиригодишна Рамка за партнерство со Светска банка.

Министерот Бесими заедно со претставниците на СБ ги разгледа и образложи сите проекти кои се дел од портфолиото и изрази увереност за нивна успешна понатамошна имплементација.

Од страна на Светска банка, на средбата беше покрената и иницијатива за доделување нови средства во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), со цел институционално зајакнување на општините и за проекти за заштита на животната средина, за што беше изразен позитивен интерес од наша страна. Досега преку МСИП се повлечени над 90 милиони евра за проекти на општините.

Светска банка во Република Северна Македонија активно работи на повеќе проекти проценети на близу 500 милиони американски долари. Нивната реализација и забрзувањето на динамиката на дел од нив, исто така, беше тема на состанокот. Меѓу нив се Проектот за надградба и развој на патиштата, воспоставувањето Интегриран информациски систем за управување со јавните финансии, Проект за поврзување локални патишта, Проект за администрација за социјално осигурување, Проект за подобрување на основното образование, Проект за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, како и Проектот за одговор при итни случаи за Ковид 19.

Република Северна Македонија има континуирана поддршка од Светска банка која е активна во земјава од 1993 година и досега има обезбедено подршка од над 2,8 милијарди американски долари во реализција на 65 проекти, се вели во соопштението на Министерството за финансии.

Би можело да ве интересира

Бесими: Со околу 190 милиони евра од ЕБОР ќе се финансираат Скопје-Блаце, ФЕ Осломеј 2 и ФЕ Битола

Ана Ололовска

МФ: Граѓаните од денеска ќе можат да аплицираат за субвенциониран кредит од проектот „Купи куќа, купи стан“

Ана Ололовска

Бесими – Улман: Швајцарија, еден од најголемите развојни партнери на РС Македонија, се зајакнува економската соработка

Ана Ололовска

Средба на министерот Бесими со првиот човек на ММФ Кристалина Георгиева: ПЛЛ се доделува на земјите со добри економски политики

Ана Ололовска

МФ: Се отвора финансискиот пазар за нови даватели на услуги, нови услуги, пониски трошоци и заштита на потрошувачите

Ана Ололовска

Средба на министерот за финансии со Мисија на СБ: Подготвуваме решенија за инвестиции на компаниите во зелена и дигитална трансформација

Ана Ололовска