Минатата година бројот на невработени намален за околу 40 илјади

Од:

Минатата година во земјава се регистрирани вкупно 243.403 невработени лица евидентирани на 31 декември во Агенцијата за вработување.

Најмногу невработени 47.342 лица се регистрирани во Скопје, со 21.247 невработени на второ место е Тетово, во Куманово имало 19.463 невработени лица, во Прилеп 17.017, во Битола 15.428, во Струмица се регистрирани 13.642 лица, во Велес 10.914 и во Гостивар 10.383. Следат со 8.853 неработени лица Охрид, Кичево со 7146, Струга со 7.094, Штип со 5.451, Крива Паланка со 5361… Најмалку невработени има евидентирано во Крушево 1.631 лица.

Во споредба со претходната година, во 2012 година бројот на невработени е намален за 37.741 лице, во однос на 2010 за 77.938 и во однос на 2009 година кога во евиденцијата на Агенцијата се регистрирани 341.295 невработени лица, во 2012 година бројот на невработени е намален за 97.892 лица.

Би можело да ве интересира

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

Орце Костов

Влада: Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица

А1он

Во светот 2,4 милијарди вработени жени немаат еднакви економски можности

А1он