Милевски: Мерката „МојДДВ“-можност досега над 800 илјади евра да се слеат на сметките на граѓаните

Од:

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска денеска во Битола ја промовираа мерката „Поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ“.

-Денеска заедно со градоначалничката на Битола се вклучивме во кампањата „МојДДВ“. До денеска согласно податоците што ги добив од УЈП евидентирани се над 5,5 милиони фискални сметки, остварен е прилив во Буџетот нешто повеќе од три милијарди денари, а поврат граѓаните ќе имаат над 50 милиони денари. Значи, над 800 илјади евра веќе ќе се слеат на сметките на граѓаните. Тоа не е мала сума. Јас апелирам сите граѓани да се вклучат. Оној којшто смета дека не се големи средства нека ги собере и нека ги донира онаму каде што треба, рече Милевски.

Тој додаде дека вториот битен елемент од оваа активност е што се елиминира сивата економија во државата.

-Граѓаните двојно ги зголемија пријавите за неиздавање на фискални сметки, затоа што се зголеми интересот да се бараат сметките и на тој начин се сузбиваат сите диви плаќања што се одвивале и се повеќе влегуваме во реалната економија со што ги зголемуваме средствата во Буџетот. Сепак на крајот има инвестиција за граѓаните, дали директно преку државниот Буџет, дали преку локалните буџети од локалните самоуправи, бидејќи бенефит од ова ќе има како државата, така и општините, а сето тоа на крајот завршува кај граѓаните, рече министерот за локална самоуправа Милевски.

Градоначалничката Петровска рече дека ова е една многу добра мерка која им овозможува на граѓаните директно да добијат поврат на дел од средствата од ДДВ. Ова, додаде, е нешто што Владата го ветила и го реализирала.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов

Чистачката во бугарскиот конзулат во Битола интервјуирала кандидати за пасош, одбила многу барања

Орце Костов

Синдикатот на битолскиот универзитет го демантира Џафери: Документацијата ја доставивме навремено