Мицкоски: Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадолженост, долгот достигна 59,5%

Од:

„Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадоженост. За само три месеци владата на СДСМ го зголеми јавниот долг за една милијарда евра. Согласно податоците од Министерството за финансии заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5%, додека државниот долг 50,7%, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени“, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.

„Потрошени се нови една милијарда евра, ама нов автопат, нови градинки, училишта, болници нема. Но, има криминални избори и масовен поткуп. Овие пари со кои нѐ задолжуваат сите нас, се парите кои се потрошени за корумпирање за избори, затоа што ништо друго не е изградено. Многу лесно може да се увидат ефектите ако целта вистински им беше справување со последиците од корона. Денес е полошо споредено со април кога и предупредив на три можни црни сценарија во македонската економија. Еве првото се исполнува. Нѐ чекаат тешки времиња во македонската економија“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицевски: Заев јавно се заканува на опозициски пратеници

А1он

(ВИДЕО) Јорданов: Филипче не изгради ниту еден здравствен објект, но затоа гради приватни згради

Ана Ололовска

Мицкоски до Ромео: Поради неспособноста на власта, Македонија нема никаков напредок

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Трипуновски: Цената за килограм грозје од 4 денари е понижување за лозарите

Ана Ололовска

Оглас за избор на повеќе претседатели на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Додека оваа мафија е на власт нема економски развој

Ана Ололовска