„Борбата со пандемијата е борба за секој човечки живот, таа е непроценлива и бесконечна, исто како што е Македонија бесконечност. Во политката пак, морате да бидете подготвен на критика, понекогаш аргументирана и прецизна, но понекогаш дифузна и тенденциозна“, пишува на својот фејсбук профил, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Осуден однапред што можеби овој пост нема да биде во насока дека блескаме во економијата и резултатите се за поклонување, сепак чувствувам огромна одговорност да споделам една кратка анализа со македонските граѓани и ќе оставам самите да одговорат на прашањето:
Дали Зоран Заев и СДСМ намерно ја втурнаа македонската економија и граѓани во апокалиптично сценарио, водејќи се исклучително од личните и партиските интереси и манифестираа огромно незнаење или е нешто друго во прашање? …, прашува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.